ЗА ПРОЕКТОТ
New Ways of Working for Net Zero Emissions

ТРАЕЊЕ: 24 месеци / Период на имплементација: 03/2022 - 02/2024

Проектни Партнери

Приоритети опфатени со проектот

Проектот NWoW4Net-Zero конкретно има за цел да користи нови начини на работа и организација на работа поттикнати од зголемената употреба на дигитални решенија како начин да се придонесе кон амбициите за неутралност на јаглерод во ЕУ преку „сет на алатки“ и обука посветена на професионалци за човечки ресурси.

  • ХОРИЗОНТАЛЕН: Животна средина и борба против климатските промени
  • ХОРИЗОНТАЛЕН: Ја адресира дигиталната трансформација преку развој на дигитална подготвеност, еластичност и капацитет. Работи на подигање на свеста за предизвиците на животната средина и климатските промени преку развивање на компетенции и методологии за зелени секторски вештини засновани на новите начини на работа на работното место поттикнати од можностите за дигитализација.
  • ВЕТ: Приспособување на стручното образование и обука согласно потребите на пазарот на трудот

Проектот NWoW4Net-Zero, исто така, го поддржува развојот на наставните програми ориентирани кон иднината кои ќе ги унапредат професионалците за човечки ресурси и ќе им овозможат да станат вистински агенти на промени во организациите и општествата кои работат на намалување на емисиите на јаглеродниот отпечаток и се залагаат за избори за мобилност.

Целна група

Целните групи се директори за човечки ресурси, менаџери за човечки ресурси во приватни и јавни организации или менаџери кои ја преземаат оваа улога во малите и средните претпријатија, како и непрофитните организации: сите професионалци вклучени во концепцијата, развојот или еволуцијата на (новите) работни методи и организација на работата во рамките на овие субјекти.

Корисници

  • Сите претпријатија, особено малите и средните претпријатија
  • Друг тип на организации вклучувајќи владини организации и ГО
  • Граѓаните и општеството
  • ВЕТ: Приспособување на стручното образование и обука на потребите на пазарот на трудот
PROJECT COORDINATOR

Center for Knowledge Management

11. Oktomvri 25,
1000 Skopje, North Macedonia
https://knowledge-center.org
info@knowledge-center.org
NWoW4Net-Zero-opacity50_2.png
Erasmus Logo
NA Logo